Реализиран проектот „Користење на игри за учење за сајбер безбедност и справување со дезинформации“

Оваа година нашето училиште беше едно од петте училишта во кое се реализираа активности од проектот „Користење на игри за учење за сајбер безбедност и справување со дезинформации“. Проектот се реализираше во соработка со Центарот за иновации и дигитална едукација ДИГ-ЕД, а е поддржан од Американската амбасада. Одговорни за проектот во нашето училиште беа: Ѓорѓина Димова и Трајанка Апостолова.

Во рамки на проектот учениците од 9 одделение подготвија и реализираа часови со учениците од 6 и 7 одделение на тема Сајбер безбедност и справување со дезинформации, во периодот на месец февруари. На тие часови се проверија знаењата на помалите ученици за Сајбер безбедност и справување со дезинформации, но што е уште поважно се виде што тие не знаат со цел да се подготват игри во Scratch за надминување на тоа.

Игрите се изготвуваа во периодот март – мај.

Во рамки на проектот имаше и повик за изработка на игри во Scratch на кој учество земаа учениците Снежана Волкановска од 6в и Ристе Димов од 8в одд кои се стекнаа со пофалница за учество.

На 17 и 18 мај во х.Континентал се одржа завршната работотилница на која беа презентирани резултатите од проектот и беа доделени наградите на најуспешните. Нашето училиште доби дрон како подарок за учеството во проектот.

Ученичката Теодора Капиданова на сценарио на наст. Трајанка Апостолова изработи стрип, кој беше промовиран и кој во иднина ќе се дигитализира.

Во проектот од 9 одделение учествува:

Маријана Николова

Ивана Иванова

Лидија Богоева

Виктор Ристов

Стефан Ицев

Оливер Јовановски

Христијан Недев

Марија Станојковиќ

Александра Тодорова

Ангела Лазова

Елена Јосифовска

Ивана Тимова

Христина Недева

Христина Ангелова

Нина Мечева

Во прилог е стрипот кој го изработи Теодора.

 

Можете да ги погледнете и игрите кои произлегоа од проектот:

Група ученици

 

 

Ристе Димов

Снежана Волкановска