Прием кај градоначалникот на Неготино

Учениците кои освоија награди на државните натпревар во учебната 2021/22 година денес беа на прием кај градоначалникот г-н Горан Стојанов. Тој на учениците и нивните ментори им додели парични награди. Од нашето училиште наградени беа: Христина Ангелова 9 одд, Христијан Стојанов 7 одд и Марија Зазова 4 одд и нивните ментори: Велика Маркова, Сања Ристова и Јасмина Анѓелкова.

Исто така наградени беа и учениците на генерацијата од училиштата. Од нашето училиште тоа е ученичката од 9а одделение Ивана Иванова.

Им честитаме на учениците и менторите и им посакуваме поголеми успеси во иднина.