Во посета на Дневниот центар „Порака“

Денес ученици од 9 одделение беа во посета на Дневниот центар „Порака“. Таму се запознаа со корисниците на центарот и нивните секојдневни активности. Исто така имавме можност и да поразговараме за можни идни заеднички работилници. Нашите ученици на домаќините им подарија сапунчиња кои самите ги изработија.