Како да се однесуваме во сообраќајот како пешаци и велосипедисти

Денес претставници од МВР Неготино ги посетија нашите првачиња. .,, Како да се однесуваме во сообраќајот – правила на однесување,, беше денешното едукативно предавање кое учениците со внимателност го проследија. Училиштето изразува голема благодарност до Ивица Јовановиќ – началник на Криминалистичко одделение при ОВР Неготино кој воедно е и родител , Горан Колев – инспектор по сообраќај и Милена Николовска – инспектор по сообраќај за денешното едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот.