Соопштение за упис на првачиња
Согласно Законот за основно образование, се известуваат родителите дека во текот на месец мај – 2022 година, општинското основно училиште „Страшо Пинџур“-Неготино врши упис на децата за поаѓање во прво одделение во учебната 2022/2023 год.
Во прво одделение ќе се запишуваат децата родени во периодот од 01.01.2016 год. до 31.12.2016 год. Во прво одд. може да се запишат и децата родени до 31. 01. 2017 год., по претходно Барање од родителот и добиено Мислење од педагогот или психологот во училиштето.
Потребни документи за упис:
-оригинален извод на родените на детето;
-лични карти од родителите на детето;
-потврда за примените задолжителни вакцини;
-потврда за извршен стоматолошки преглед (издадена од стоматолог од Здравствен дом-Неготино) и
-потврда за извршен офталмолошки преглед (издадена од надлежна здравствена установа).
*Потврдата за примени вакцини на детето ќе биде доставена од страна на Здравствен дом Неготино.
Уписот трае до 31.05.2022 год.