Одбележан Патрониот празник на училиштето
Денес со пригодна програма беше одбележан Патрониот празник на училиштето. Во чест на ликот и делото на Страшо Пинџур цвеќе пред бистата на херојот положи градоначалникот д-р Горан Стојанов со делегација од Општина Неготино, претседателката и претставници на Советот на Општина Неготино како и вработените во училиштето. Потоа директорот Сашо Ѓорѓиев им се обрати на присутните и има се заблагодари на присуството и потоа се наврати на работата и постигнувањата на училиштето во изминатата година. На учениците кои на распишаниот литературен се покажаа најуспешни им беа доделени награди и дипломи. Ученичката Гордана Зазова го прочита својот состав кој беше прогласен за најдобар.