Резултати од литературниот конкурс по повод Патрониот празник на училиштето

По повод Патрониот празник на нашето училиште „Страшо Пинџур“ од Неготино, Активот по Македонски јазик, на ден 23.02.2022 год. организираше литературен конкурс на тема: Само вистинскиот мудрец си суди себеси правилно. На конкурсот се наградени следниве ученици:

– Првото место и припадна на ученичката Гордана Зазова од 9-г одд.

– Второто место го освои ученичката Ивана Иванова од 9-а одд.

– Третото место и припадна на Андреа Зорзиќ од 8-в одд.

Првонаградената творба ќе биде прочитана на прославата на Патрониот празник на училиштето.

Наставниците по Македонски јазик им честитаат на наградените ученици, а на останатите им се заблагодаруваат за учеството на литературниот конкурс.