Eдукација на учениците и развивање на свест за здрава и чиста животна средина и чисто училиште

Во рамките на нашето училиште оваа година учениците од четврто и петто одделение од ПУ с. Пепелиште се активно вклучени во воннаставни активности, еко секција, под менторство на наставничката Милена Златковиќ. Целта на воннаставната активност е едукација на учениците и развивање на свест за здрава и чиста животна средина и чисто училиште, развивање и негување на еко култура, како и спроведување на еколошки иницијативи во училиштето преку тимско дејствување на учениците, во текот на учебната 2021/ 2022 До сега се реализирани неколку активности како што се:

1.Ликовна работилница : учениците твореа на тема “Моето чисто училиште “, преку ликовните творби учениците испратија порака за чисто и зелено училиште и истите беа изложени на пано.

2.1. Учениците учествуваа во дискусија за важноста од селектирање и материјалите кои можат да се рециклираат, при што беа изработени кутии за селектирање на отпад и истите поставени во училишниот ходник. Исто така поставени се и канти за селектирање на рециклирачкиот материјал.

2. Акција за чистење на отпад во училишниот двор- го голем ентузијазам учениците ја реализираа оваа активност, беше собран органски отпад во училишниот двор и истиот складиран и третиран со цел во иднина да се искористи за производство на хумус.

3. Изработки на ученици од рециклирани материјали – со голема желба и креативност учениците пристапија во активноста, возбудата беше голема а предвиденото време прекратко за идеите и креативноста на учениците. Исходот,многу задоволни лица.

4. Учениците беа во посета на фирмата “Магичен цвет”, која одгледува цвеќиња, каде имаа можност да разговараат со сопственичката за начинот и условите потребни за одгледување на цвеќиња. Со големо задоволство учениците се запознаа со видовите на цвеќиња и земаа учество во практично пресадување на цвеќињата кои во иднина ќе бидат под нивна грижа и ќе го красат училишниот двор.

Во прилог можете да го погледнете и видеото креирано од настанот: