Втор транснационален состанок за Еразмус проектот „Upgrade with Learner Centered Approach”

На 6 и7 мај се одржа вториот транснационален состанок Еразмус проектот „Upgrade with Learner Centered Approach” во кој нашето училиште учестува како партнер. Домаќин на проектот беше Центарот за иновации и дигитална едукација ДИГ-ЕД од Скопје кој е вториот партнер од нашата земја. На состанокот од нашето училиште учествува Марија Стојкова и Ѓорѓина Димова. За време на состанокот се разгледуваа досегашните активности: изготвувањето на компетенциите за наставници и формуларот за самооценување на наставниците. Потоа се разгледаа и разните идеи за креирање на веб сајтот на проектот. Исто така се презентираа и логоата кои ги изработија учениците за проектот, Од нашето училиште логоата ги изработија: Екатерина Хаџиска, Марија Атанасова и Ристе Димов. Нивните логоа заедно со информации за учениците ќе бидат објавени на веб сајтот на проектот. учениците од 7 и 8 одделение снимија видео со поздрав до учесниците на состанокот.

 

На состанокот тимот исто така сними поздрав за нашите ученици.