Соопштение за упис на првачиња во учебната 2021/22 година

Согласно  Законот за основно образование, се известуваат родителите дека во текот на месец мај – 2021 година, општинското основно училиште „Страшо Пинџур“-Неготино  врши упис  на децата за поаѓање во прво одделение во учебната 2021/2022 год.

Во прво одделение ќе се запишуваат децата родени во периодот од 01.01.2015 год. до 31.12.2015 год.

Во прво одд. може да се запишат и децата родени до 31. 01. 2016 год., по претходно Барање од родителот и добиено Мислење од педагогот или психологот во училиштето.

 

Потребни документи за упис:

-оригинален извод на родените на детето;

-лични карти од родителите на детето;

-потврда за примените задолжителни вакцини;

-потврда за извршен стоматолошки преглед (издадена од стоматолог од Здравствен дом-Неготино) и

-потврда за извршен офталмолошки преглед (издадена од надлежна здравствена установа).

 

Доколку родителот има интерес по електронски пат да го запише детето во прво одделение, истото може да го направи на веб страната: uslugi.gov.mk

 

Уписот трае до 31.05.2021 год.