Одбележување на Денот на шегата

Учениците од  II-а;  II-б и   II на свој уникатен детски начин го одбележаа празникот  1 Април – Денот на шегата. Поради ситуацијата со пандемијата, која ја усложни  целокупната воспитно – образовна работа на учениците им се ускратија и многу прослави и одбележувања на многу празници.

Затоа оваа година учениците од второ одделение при ООУ„Страшо Пинџур“-Неготино на хумористичен и шеговит начин преку карикатура ја искажаа најголемата желба на сите луѓе на целата наша планета- Уништувањето на короната. Нивните карикатури го закитија изложбеното ликовно пано во холот на нашето училиште.

Мотото на оваа активност е „КОРОНА  ЧАО“.