Почетен состанок за Еразмус проектот ” Upgrade Yourself with Learner Centered Approach”

На 4 и 5 ноември наши претставници просуствуваа на онлајн состанокот со кој започнаа активностите од Еразмус проектот ” Upgrade Yourself with Learner Centered Approach”.  Овој проект ќе се реализира следните две години и е од акцијата КА203. Наставниците од нашето училиште ќе имаат можност да се едуцираат и сертифицираат за пристап во наставата каде што ученикот е во центарот на училницата. Обуките ќе се одвиваат во Словачка, Литванија, Латвија и Македонија. На состанокот присуствуваа: Ѓорѓина Димова и Марија Стојкова.