Правилници за систематизација

Врз основа на член 130 став 1 алинеја 2 од Законот за основно образование („Службен весник на Република Македонија“ број 103/08, 33/10, 116/10, 156/10,18/11, 42/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14 и 135/14) член 17 став 7 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14 и 199/14), директорот на ООУ„Страшо Пинџур“-Неготино на 10.02.2015 година, донесе

 

ПРАВИЛНИК

ЗА ВНАТРЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА

ООУ„СТРАШО ПИНЏУР“-НЕГОТИНО

 

  1. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

 Член 1

Со Правилникот за внатрешна организација (во понатамошниот текст: Правилник) на ООУ„Страшо Пинџур“-Неготино (во понатамошниот текст: Училиште)  се уредуваат:

  • видот и бројот на организациските единици – служби  на училиштето;
  • делокругот на работа на организациските единици- служби, нивната одговорност, и
  • начините и формите на раководење (совети, стручни активи и сл.) и нивните надлежности и одговорности.

 

Член 2

Со внатрешната организација на училиштето утврдена со овој Правилник се обезбедува   примена на следниве начела:

  • законитост, стручност, ефикасност и економичност во вршењето на работите и задачите;
  • сервисна ориентираност кон граѓаните и правните лица;
  • независност и одговорност при вршењето на службените задачи;
  • еднообразност и хиерархиска поставеност на организационите единици – служби;
  • делегирање на овластувања.

 

Член 3

Графичкиот приказ на внатрешната организација на училиштето (органограм) е дадена во прилог 1 и е составен дел на овој правилник. .

 

 

  1. ЦЕЛИ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА РАБОТЕЊЕТО УЧИЛИШТЕТО

 

 

Член 4

Со внатрешната организација на училиштето се цели да се постигне:

  • навремено, рационално и економично извршување на работите и работните задачи од делокругот на работа на училиштето;
  • оптимално користење на човечките и материјалните капацитети на училиштето и зголемување на ефикасноста на работењето;
  • создавање основни претпоставки за по стимулативно работење на вработените во училиштето, со цел максимизирање на резултатите и понатамошно подобрување на работењето и развојот;
  • постојано усовршување и подобрување на знаењата на вработените во училиштето во функција на оптимално извршување на работите и работните задачи

 

III. ВИД И БРОЈ НА ОРГАНИЗАЦИОНИ ЕДИНИЦИ – СЛУЖБИ

Член 5

Во училиштето  се формираат следниве организациони единици – служби:

  1. Административна служба
  2. Стручна служба
  3. Помошно-техничка служба

 

Член 6

Заради непосредно извршување на нормативно – правни работи, управување со човечки ресурси, стручно – аналитички, комуникациски, оперативни, материјално – финансиски,   стручно –административни работи, воспитно-образовни, како и други функции, во организационите единици – службите се формираат одделенија.

 

 

Член 7

Во училиштето  во организационите единици – службите се формираат следниве одделенија:

 

  1. Административна служба:

1.1. Одделение за нормативно-правни работи, човечки ресурси и општи работи

1.2. Одделение за финансии и сметководство

 

  1. Стручна служба:

2.1. Одделение на стручни соработници

2.2. Одделение на наставници

 

 

  1. ДЕЛОКРУГ НА ОРГАНИЗАЦИОНИТЕ ЕДИНИЦИ – СЛУЖБИ

 

 

Член 8

Надлежностите  на организационите единици – службите во училиштето  се следните:

 

1.АДМИНИСТРАТИВНАТА СЛУЖБА  ги опфаќа работите и надлежностите кои се однесуваат на правното и финансиското работење, управувањето со човечките ресурси, како и подготовката на анализи и статистики, следење и примена на националните прописи.

  • 1. Одделението за нормативно- правни работи, управување со човечки ресурси и општи работи ги опфаќа работите и надлежностите во врска со изготвување на нацрт општи акти со кои се регулираат сите сегменти од работењето; изготвување на поединечни акти кои произлегуваат од тековното работење; изработување на договори; организирање и координирање на работите поврзани со човечки ресурси и анализа на работните места; изработка на функционална анализа и аналитички извештаи во врска со спроведувањето на политиката за управување со човечки ресурси; врши работи и задачи кои се однесуваат на управување и развој на човечки ресурси, односно следење и примена на прописите за работни односи и законот и подзаконските акти за административните службеници и вработените во јавниот сектор; врши работи на спроведување на постапката по јавен и интерен оглас за вработување на административни службеници; спроведување на постапката по јавен оглас за вработување на работници; планирање, организирање и спроведување на стручното усовршување и обуки на вработените; спроведување на интерните процедури за водење на внатрешните постапки со цел ефикасна, унифицирана методологија за законско спроведување на надлежностите во училиштето; спроведување постапки за утврдување неправилности во организационите единици- служби во врска со работењето, примената и придржувањето до законите, подзаконските и интерните акти, насоките од раководниот орган, доверливост и интегритет на информациите, чување на ресурсите и економично, ефективно и ефикасно користење на средствата; изготвување на правилниците за систематизација на работните места и правилниците за внатрешна организација на училиштето; водење на персонална евиденција на вработените согласно законските прописи; управување со лични досиеја на вработените и пристапот до лични податоци;  подготовка на решенија за плата, одмори и отсуства на вработените; вршење на работи на здравствено и социјално осигурување на вработените;  извршување на административни, стручни и други работи за поддршка на директорот, административни и стручни работи за Училишниот одбор; подготвување листа на информации од јавен карактер, следење и исполнување на обврските кои произлегуваат од одредбите на Законот за безбедност и здравје при работа, Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Закон за заштита на лични податоци, како и на обврски од други закони кои треба да обезбедат законито и непречено функционирање на училиштето; одговара за спроведување на јавните набавки,работи со електронските системи поврзани со:МОН(ЕМИС И ХРМ системите,е-дневник,АДМИН системите,системот за нарачка на учебници),БЈН;ФЗО;МИОА;БРО,одд.за статистика,УЈП,Министерство за финсии(системите за е-трезор и е-обврски),пристап до интернет издание на Сл.весник на РМ и др.,учество и реализацијата на Планот за јавни набавки, следење и контрола на состојбата и движењето на средствата и изворите на средства утврдени со буџетот; изготвува предлог буџет, годишни, квартални и месечни финансиски планови за буџетот; подготовка на финансиски план и негова реализација,архивското работење и општите работи.
  • 2. Одделението за финансии и сметководство ги опфаќа работите и надлежностите кои се однесуваат на следење и примена на законите и подзаконските акти од областа на буџетското и материјално-финансиското работење; континуирано ги следи законските прописи и другите општи акти од областа на буџетското работење и другите прописи поврзани со финансиското работење,водење на книга на влезни фактури и евиденција на исплати;водење на книга на излезни фактури и евиденција на уплати и изготвување на истите,средување,чување, групирање на финансиски документи,подготвување месечни финансиски извештаи М1 и М2, кумулативни извештаи по сметки и извештај за пристигнати,а нереализирани обврски,составување писмени извештаи за начинот на пресметката на ДДВ,подготвува налози за плаќање на обврските во училиштето во законскиот рок,ја води  училишната благајна согласно прописите од областа на благајничкото работење и ги извршува сите работи поврзани со благајничкото работење,врши пресметка на плати, надоместоци на плати на сите вработени и води нивна евиденција;изготвува и доставува статистички податоци за вработени и плати кои произлегуваат од законските прописи на дражавниот завод за статистика,врши и други работи предвидени со позитивните законски прописи,како и работи и работни задачи по налог на директорот; ефикасно вршење на наплата и подготовка на извештаи, анализи и информации за наплатата, со цел предлагање соодветни мерки и активности; водење на благајнички работи и други работи предвидени со законите и подзаконските акти.

 

  1. СТРУЧНАТА СЛУЖБА ги опфаќа работите и надлежностите кои се однесуваат на остварување на целите на основното воспитание и образование.

2.1. Одделението на стручни соработници ги опфаќа работите и надлежностите во врска со советодавно-стручна работа на обезбедување хармоничен, интелектуален, емоционален и социјален развој на учениците соодветно со нивните способности; воспитување за меѓусебна толеранција, соработка, почитување на различноста, основните човекови слободи и права; запишување на учениците и следење на нивниот развој; планирање на наставата и другата воспитно-образовна работа; развивање на програми, постапки и инструменти за вреднување на постигањата на учениците и самовреднување на училиштето; учество во организирано стручно и дидактичко-методско образование и надоградување; поддршка на работата на заедницата на учениците; примена на прописите за остварување на правата и должностите на учениците, напредувањето и изрекувањето на педагошки мерки; вклучување и водење грижа за развојот на учениците со посебни образовни потреби и изготовка на прилагодени програми според нивните образовни потреби; изготвување програми за надарени ученици во различни области; соработка со родителите; изготвување  неделни и месечни планови за советување на родители/старатели и на ученици; поддршка на стручните активи во изборот на учебници, списанија и друга литература што се користи во училиштето; поддршка на наставниците за индивидуална работа со учениците; професионална ориентација на учениците; следење на навремено вакцинирање на учениците; организирање на педагошка и методска практика на студентите од наставните факултети; водење педагошки картон на наставниците; организирање и водење на работата на училишната библиотека.

 

2.2. Одделението на наставници ги опфаќа работите и надлежностите во врска со извршувањето на воспитно-образовната и другите видови професионална работа во училиштето; опфаќа настава и други видови на организирана работа со учениците, планирање и подготовка за настава; изведување на наставни и воннаставни активности; водење слободни ученички активности и работа со ученици на проекти и истражување; реализирање на дополнителна и додатна настава за учениците; организирање културни, спортски и други општо корисни и хумани акции во кои учествуваат учениците; подготвување и водење екскурзии, излети, натпревари, настава во природа, летување, логорување што ги организира училиштето;  водење на педагошка документација и евиденција; прегледување и оценување на писмените задачи; собирање и обработка на податоци; уредување на кабинети, збирки, училишни работилници, вежбални, игралишта, насади итн.; вршење задачи на одделенски раководител; менторство на ученици; учество во интерно и екстерно проверување на постигањата на учениците; учество на истражувачки проекти и други активности за унапредување на воспитно-образовната работа; планирање и учество во стручното усовршување и водење професионално досие; соработка со директорот, стручните и други органи во училиштето и со родителите; работа во стручните активи и другите стручни тела и комисии; вршење и други работи определени со годишната програма за работа.

  1. РАКОВОДЕЊЕ СО УЧИЛИШТЕТО

 

Член 9

Со работата на училиштето раководи директор.

Во работата на директорот е ангажиран и помошен директор.

Член 10

Организационите единици – службите и во нивните рамки одделенијата  извршувањето на работите и задачите ги вршат согласно своите надлежности и се одговорни пред директорот во рамките на своите овластувања.

 

  1. СТРУЧНИ ОРГАНИ НА УЧИЛИШТЕТО

 

Член 11

Стручни органи во училиштето се : наставничкиот совет, советот на одделенски наставници, советот на предметни наставници, и стручните активи на наставниците.

Член 12

Наставничкиот совет го сочинуваат одделенските и предметните наставници и стручните соработници. Наставничкиот совет го свикува и со него претседава директорот.

Наставничкиот совет  го разгледува и утврдува успехот на учениците и работата на други стручни органи; им одобрува на учениците побрзо напредување во основното училиште; го разгледува остварувањето на наставниот план и програмите и презема мерки за нивно извршување; донесува одлуки по приговори на учениците за утврдени оценки;  го разгледува извештајот од реализација на годишната програма за работа, од самоевалуација, од извршената интегрална евалуација и предлага соодветни мерки; расправа и одлучува за стручни прашања поврзани со воспитно-образовната работа; дава мислење за годишниот финансиски план на училиштето; избира претставници во училишниот одбор; дава мислење за планирањето, реализацијата и вреднувањето на постигањата во наставата и учењето; го усвојува интерниот распоред за екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците; го разгледува годишниот извештај за работа на наставниците и стручните соработници и Националниот извештај за работа на наставниците и стручните соработници и предлага соодветни мерки; дава предлози за напредување на наставниците и стручните соработници на училиштето, одлучува за воспитни мерки и врши и други работи утврдени во статутот на училиштето.

 

Член 13

Советот на одделенски наставници го сочинуваат одделенските наставници, предметните наставници кои се вклучени во наставата од прво до петто одделение и стручните соработници.

Советот на одделенски наставници ги разгледува годишната програма за работа и планирањето на наставата; воспитно-образовните проблеми по одделенија; подготвува програма за работа со талентираните ученици, односно за учениците кои потешко напредуваат; предлага и одлучува за воспитните мерки и врши други работи утврдени во статутот на училиштето.

 

Член 14

Советот на предметните наставници го сочинуваат предметните наставници што изведуваат наставата од шесто до деветто одделение и стручните соработници.

Советот на предметните наставници ги разгледува годишната програма за работа и планирањето на наставата; воспитно-образовните проблеми по одделенија; подготвува програма за работа со талентираните ученици, односно со оние кои потешко напредуваат; одлучува за воспитните мерки и врши други работи утврдени во статутот на училиштето.

 

Член 15

Стручните активи на наставниците ги сочинуваат наставници кои предаваат ист предмет или подрачје.

Стручните активи на училиштето ги усогласуваат критериумите за планирање на наставата и за оценување на постигањата на учениците; даваат предлози на наставничките совети на училиштето за подобрување на воспитно-образовната работа; одлучуваат за употреба на учебниците во основното училиште; расправаат за забелешките на родителите, учениците и вршат други стручни работи определени со годишната програма за работа на училиштето.

 

Член 16

За извршување на одделни посложени работи и задачи, за обработка на одделни прашања, за извршување на работи кои опфаќаат повеќе области, за извршување на одделни задолженија и обврски од работата и во работата, како и за други случаи, директорот може да формира комисии, работни групи и други работни тела.

 

 

VII. НАЧИН НА РАБОТА

 

Член 17

ООУ„Страшо Пинџур“-Неготино , изготвува програма за работа, која опфаќа период од една учебна година.

Програмата за работа ги опфаќа следниве подрачја:

  1. 1. Лична карта на училиштето
  2. Мисија и визија на училиштето
  3. Веќе научено / стекнати знаења
  4. Подрачја на промени
  5. Акциски планови
  6. План за евалуација на акциските планови
  7. Календар за работа
  8. Настава
  9. Оценување, следење и вреднување
  10. Воннаставни активности
  11. Подршка на ученици
  12. Грижа за здравјето
  13. Училишна клима и односи во училиштето
  14. Професионален развој на наставен кадар
  15. Вклученост на семејствата во училиштето
  16. Комуникација со јавност и промоција на училиштето

 

Програмата за работа особено содржи:

  • Работи и задачи од делокругот на училиштето;
  • Рокови за извршување на одделните работи и задачи
  • План за потребните средства за извршување

 

Програмата за работа на училиштето ја донесува директорот.

 

 

VIII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

 

Член 18

Овој Правилник влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се применува по добиена согласност од  Министерство за информатичко општество и администрација.

 

Член 19

Правилник ќе се објави на интернет страницата и на Огласна табла на ООУ„Страшо Пинџур“-Неготино.

 

Број    _______                                                                                                                         ДИРЕКТОР

________ 2015 година

Неготино                                                                                                                                                                    

/Димова Марина/

 

 

Врз основа на члeн 17 став 7 од Законот за вработените во јавниот сектор(Сл.весник на РМ бр.27/14,199/14, 27/16,35/2018,198/2018 и Сл.весник на РСМ бр.143/2019 и 14/20),како и чл.113 став 1 алинеа 23 од Законот за основно образование(Сл.весник на РСМ бр.161/2019),Директорот на ООУ„Страшо Пинџур“-Неготино, на ден  16.11. 2020год.,донесе

П Р А В И Л Н И К

За изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ООУ„Страшо Пинџур“-Неготино

Член 1

Со овој Правилник се врши измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ООУ„Страшо Пинџур“-Неготино бр.01-236/1 од 03.07.2015г. и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ООУ„Страшо Пинџур“-Неготино бр.01-97/1 од 13.03.2018г.,тоа:

 

Член 2

Во член 24 глава VI:ОПИС НА РАБОТНИТЕ МЕСТА ВО ООУ„СТРАШО ПИНЏУР“-НЕГОТИНО,во точка II.ДАВАТЕЛИ НА УСЛУГИ од областа на основно образование,  потточка 2 Стручна служба-2.2 ОДДЕЛЕНИЕ ЗА НАСТАВНИЦИ, во работното место реден број  8, шифра ОБН   03   02   К03   001, назив на работно место : Наставник одделенска настава, во делот број на извршители бројот 27 (дваесет и седум) се заменува со бројот 28 (дваесет и осум).

 

Член  3

 

Во член 24 глава VI:ОПИС НА РАБОТНИТЕ МЕСТА ВО ООУ„СТРАШО ПИНЏУР“-НЕГОТИНО,во точка II.ДАВАТЕЛИ НА УСЛУГИ од областа на основно образование, потточка 2 Стручна служба-2.2 ОДДЕЛЕНИЕ ЗА НАСТАВНИЦИ, работното место реден број  9, шифра ОБН   03   02   М01   001, назив на работно место : Наставник -воспитувач , се брише.

 

Член 4

Во член 24 глава VI:ОПИС НА РАБОТНИТЕ МЕСТА ВО ООУ„СТРАШО ПИНЏУР“-НЕГОТИНО,во точка II.ДАВАТЕЛИ НА УСЛУГИ од областа на основно образование во точка 2 .Стручна служба-2.2 ОДДЕЛЕНИЕ ЗА НАСТАВНИЦИ во работното место реден број  22, шифра ОБН 03 02 К03 001, назив на работно место :Наставник по физичко и здравствено образование, во делот број на извршители бројот 3(три) се заменува со бројот 4(четири).

 

Член 5

 

Согласно извршените измени и дополнувања во интегралниот текст на Правилникот се вршат измени и дополнувања и во Табеларниот преглед на работните места како составен дел на Правилникот.

Член 6

 

Овој Правилник влегува во сила со денот на донесувањето,а ќе се применува по добиена писмена согласност од Министерството за информатичко општество и администрација.

Д и р е к т о р:                                                ——————-

/Ѓорѓиев Сашо/

Прилог 1 Табеларен преглед на работни места      

Ред.бр. Шифра Назив на работното место Бр. на извршители На неопределено време На определено

време

Потреба

 

Забелешка

– дополнува од друго училиште

1. ОБН  01 02  В01   001 Секретар 1 1
2. ОБН  01 02  Г01   001 Секретар-архивар 1 1
3. ОБН  01 02  Г01  008 Благајник 1 1
4. ОБН  03 02  Л03   002 Стручен соработник-психолог 1 1
5. ОБН  03 02  Л03   001 Стручен соработник-педагог 1 1
6. ОБН  03 02  Л03   003 Стручен соработник-дефектолог 1 1
7. ОБН  03 02  Л03   005 Стручен соработник-библиотекар 1 1
8. ОБН  03 02   K03  001 Наставник по одделенска настава 28 25 2 1
9. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по македонски јазик 4 4
10. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по англиски јазик 7 6 1
11. ОБН   03 02  K03  001 Наставник по француски јазик 2 2
12. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по математика 4 4
13. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по информатика 1 1
14. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по физика 1 1
15. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по хемија 1 1
16. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по биологија 2 2
17. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по природни науки и техника 1 1
18. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по географија 2 1 1
19. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по историја 2 1 1
20. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по граѓанско образов. 1 1 да
21. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по физичко образов. 4 3 1
22. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по музичко образов. 1 1
23. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по ликовно образов. 1 1
24. ОБН  03  02  K03  001 Н аставник по техничко образов. 1 1
25. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по етика 1 1 да
26. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по етика на религии 1 1 да
27. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по Запознавање со религии 1 1
28. ОБН 03 02 К03  002 Наставник-дефектолог во ПП 1 1
29 ОБН   04  01  А01 002 Хигиеничар 16 16
30. ОБН  04  01  А01  006 Хаусмајстор 1 1
31. ОБН  04  05  А01  002 Eконом 1 1
32. ОБН  04  02  А01  001 Чувар 2 1 1
    Вкупно : 97 80 7 7 3

 

 

 

Врз основа на член 17 став 7 од Законот за вработените во јавниот сектор ( Службен весник на Република Северна Македонија бр.27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 198/18 и Службен весник на Република Северна Македонија бр. 143/19 и 14/20) и врз основа на член 113 став 1 алинеа 23 од Законот за основно образование (Службен весник на Република Северна Македонија бр.161/19 ),Директорот на ООУ„Страшо Пинџур“-Неготино,донесе:

П Р А В И Л Н И К

За изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ООУ„Страшо Пинџур“-Неготино

Член 1

Со овој Правилник се врши измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ООУ„Страшо Пинџур“-Неготино бр.01-236/1 од 03.07.2015г.,Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ООУ„Страшо Пинџур“-Неготино бр.01-97/1 од 13.03.2018г. и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ООУ„Страшо Пинџур“-Неготино бр.01-211/3 од 16.11.2020 г.

             Член 2

Во глава VI ОПИС НА РАБОТНИТЕ МЕСТА ВО ООУ„СТРАШО ПИНЏУР“-НЕГОТИНО,во точка II.ДАВАТЕЛИ НА УСЛУГИ од областа на основно образование,  (Стручна служба)-потточка 2.2 ОДДЕЛЕНИЕ ЗА НАСТАВНИЦИ, во работното место реден број  8, шифра ОБН   03   02   К03   001, назив на работно место : Наставник одделенска настава, во делот број на извршители бројот “28 “се заменува со бројот “31” .

 

Член  3

 

Во глава VI ОПИС НА РАБОТНИТЕ МЕСТА ВО ООУ„СТРАШО ПИНЏУР“-НЕГОТИНО,во точка II.ДАВАТЕЛИ НА УСЛУГИ од областа на основно образование, (Стручна служба) потточка-2.2 ОДДЕЛЕНИЕ ЗА НАСТАВНИЦИ во работното место реден број  22, шифра ОБН 03 02 К03 001, назив на работно место :Наставник по физичко и здравствено образование, во делот број на извршители бројот “04”се заменува со бројот :”05”.

Член 4

Согласно извршените измени и дополнувања во интегралниот текст на Правилникот се вршат измени и дополнувања и во Табеларниот преглед на работните места како составен дел на Правилникот.

Член 5

Овој Правилник влегува во сила со денот на неговото донесување, а ќе се применува по добиената согласност од Министерството за информатичко општество и администрација  и по објавувањето на конечните резултати на Државната изборна комисија.

Д и р е к т о р:                                                ——————-

/Ѓорѓиев Сашо/

Прилог 1 Табеларен преглед на работни места      

Ред.бр. Шифра Назив на работното место Бр. на извршители На неопределено време На определено

време

Потреба

 

Забелешка

– дополнува од друго училиште

1. ОБН  01 02  В01   001 Секретар 1 1
2. ОБН  01 02  Г01   001 Секретар-архивар 1 1
3. ОБН  01 02  Г01  008 Благајник 1 1
4. ОБН  03 02  Л03   002 Стручен соработник-психолог 1 1
5. ОБН  03 02  Л03   001 Стручен соработник-педагог 1 1
6. ОБН  03 02  Л03   003 Стручен соработник-дефектолог 1 1
7. ОБН  03 02  Л03   005 Стручен соработник-библиотекар 1 1
8. ОБН  03 02   K03  001 Наставник по одделенска настава 31 25 3 3
9. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по македонски јазик 4 4
10. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по англиски јазик 7 6 1
11. ОБН   03 02  K03  001 Наставник по француски јазик 2 2
12. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по математика 4 4
13. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по информатика 1 1
14. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по физика 1 1
15. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по хемија 1 1
16. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по биологија 2 2
17. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по природни науки и техника 1 1
18. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по географија 2 1 1
19. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по историја 2 1 1
20. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по граѓанско образов. 1 1 да
21. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по физичко образов. 5 3 1 1
22. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по музичко образов. 1 1
23. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по ликовно образов. 1 1
24. ОБН  03  02  K03  001 Н аставник по техничко образов. 1 1
25. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по етика 1 1 да
26. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по етика на религии 1 1 да
27. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по Запознавање со религии 1 1
28. ОБН 03 02 К03  002 Наставник-дефектолог во ПП 1 1
29 ОБН   04  01  А01 002 Хигиеничар 16 16
30. ОБН  04  01  А01  006 Хаусмајстор 1 1
31. ОБН  04  05  А01  002 Eконом 1 1
32. ОБН  04  02  А01  001 Чувар 2 1 1
    Вкупно : 101 80 9 9 3

 

 

 

 

 

 

Врз основа на член 17 став 7 од Законот за вработените во јавниот сектор ( Службен весник на Република Северна Македонија бр.27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 198/18 и Службен весник на Република Северна Македонија бр. 143/19 и 14/20) и врз основа на член 113 став 1 алинеа 23 од Законот за основно образование (Службен весник на Република Северна Македонија бр.161/19 ),,Директорот на ООУ„Страшо Пинџур“-Неготино,донесе:

П Р А В И Л Н И К

За изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ООУ„Страшо Пинџур“-Неготино

        Член 1

Со овој Правилник се врши измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ООУ„Страшо Пинџур“-Неготино бр.01-236/1 од 03.07.2015г.,Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ООУ„Страшо Пинџур“-Неготино бр.01-97/1 од 13.03.2018г. и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ООУ„Страшо Пинџур“-Неготино бр.01-211/3 од 16.11.2020 година.

          

                       Член 2

Во глава VI ОПИС НА РАБОТНИТЕ МЕСТА ВО ООУ„СТРАШО ПИНЏУР“-НЕГОТИНО,во точка II.ДАВАТЕЛИ НА УСЛУГИ од областа на основно образование,  (Стручна служба)-потточка 2.2 ОДДЕЛЕНИЕ ЗА НАСТАВНИЦИ, после работното место реден број 27, шифра ОБН   03   02   К02   001,назив Наставник по запознавање на религиите,се додава ново работно место кое гласи:

 

Реден број 27а
Шифра ОБН 03 02 К02 001
Ниво К02
Звање на работно место Наставник ментор во основно образование
Назив на работно место Наставник –  ментор
Број на извршители 01
Вид на образование согласно норматив за основно образование
Други посебни услови
Работни цели Ефикасно, ефективно, квалитетно извршување на работи и работни задачи кои придонесуваат за остварување на програмата за работа на институцијата и задачи од делокругот на организационата единица во насока на овозможување на општо образование и воспитание на учениците како и помош на наставници во нивната работа
Работни задачи

 

 

 

 

 

планирање и подготовка на воспитно-образовната и другите видови професионална работа,

– реализирање на наставни и воннаставни активности,

– следење и оценувања на напредокот и постигањата научениците,

– учество во надворешните мерења на постигањата на учениците (меѓународни и државни тестирања),

– водење на педагошка документација и евиденција,

– соработка со родители,

– соработка со директорот, стручните соработници и другите органи на училиштето,

– работа во стручните активи и другите тела и комисии,

– вршење на задачи на одделенски/класен раководител,

– собирање и обработка на податоци во врска со воспитно-образовната и друга работа,

– менторство на ученици,

– учествува во реализација на испитите од државната матура, училишна матура, завршен испит, државни и меѓународни тестирања,

– планирање и реализација на професионален развој,

– реализирање на дополнителна и додатна настава за     учениците,

– подготвување и водење ескурзии, излети, натпревари, настава во природа, летување,логорување што ги организира училиштето,

– учество на истражувачки проекти и други активности за унапредување на воспитно-образовната работа,

– водење на портфолио (дел од професионалното досие) и

– Менторирање на наставник-приправник;

-Менторирање на студенти од факултетите за наставници;

-Менторирање на наставници што имаат поддржан професионален развој,користење на иновативни приоди и помагање на колегите во спроведување на акциски истражувања;

-Учествува во изготвување на развојната политика на училиштето и врши други задачи согласно со стекнатите компетенции за наставник-ментор

Одговара пред Директорот на училиштето

 

Ч л е н 3

Согласно извршените измени и дополнувања во интегралниот текст на Правилникот се

врши измени и дополнувања и во табеларниот преглед на работните места, како составен

дел на Правилникот.

Член  4

 

Овој Правилник влегува во сила со денот на неговото донесување, а ќе се применува по добиената согласност од Министерството за информатичко општество и администрација  и по објавувањето на конечните резултати на Државната изборна комисија.

 

 

 

Д и р е к т о р:

——————-

/Ѓорѓиев Сашо/

 

Прилог 1 Табеларен преглед на работни места      

Ред.бр. Шифра Назив на работното место Бр. на извршители На неопределено време На определено

време

Потреба

 

Забелешка

– дополнува од друго училиште

1. ОБН  01 02  В01   001 Секретар 1 1
2. ОБН  01 02  Г01   001 Секретар-архивар 1 1
3. ОБН  01 02  Г01  008 Благајник 1 1
4. ОБН  03 02  Л03   002 Стручен соработник-психолог 1 1
5. ОБН  03 02  Л03   001 Стручен соработник-педагог 1 1
6. ОБН  03 02  Л03   003 Стручен соработник-дефектолог 1 1
7. ОБН  03 02  Л03   005 Стручен соработник-библиотекар 1 1
8. ОБН  03 02   K03  001 Наставник по одделенска настава 31 25 3 3
9. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по македонски јазик 4 4
10. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по англиски јазик 7 6 1
11. ОБН   03 02  K03  001 Наставник по француски јазик 2 2
12. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по математика 4 4
13. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по информатика 1 1
14. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по физика 1 1
15. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по хемија 1 1
16. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по биологија 2 2
17. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по природни науки и техника 1 1
18. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по географија 2 1 1
19. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по историја 2 1 1
20. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по граѓанско образов. 1 1 да
21. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по физичко образов. 5 3 1 1
22. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по музичко образов. 1 1
23. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по ликовно образов. 1 1
24. ОБН  03  02  K03  001 Н аставник по техничко образов. 1 1
25. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по етика 1 1 да
26. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по етика на религии 1 1 да
27. ОБН  03  02  K03  001 Наставник по Запознавање со религии 1 1
27а. ОБН  03  02  K02  001 Наставник ментор во основно образование 1 1
28. ОБН 03 02 К03  002 Наставник-дефектолог во ПП 1 1
29. ОБН   04  01  А01 002 Хигиеничар 16 16
30. ОБН  04  01  А01  006 Хаусмајстор 1 1
31. ОБН  04  05  А01  002 Eконом 1 1
32. ОБН  04  02  А01  001 Чувар 2 1 1
    Вкупно : 99 80           9 10 3